Металопромет ДООЕЛ – Струмица е основана во 1972 година од г-дин Мите Шапковски.
Од самиот почеток, основната дејност на компанијата е обработка на лим, со користење на машини за сечење (шерање) и технолошка линија за пресување и виткање на лим.
Преку имплементација на нови инвестициски планови и континуиран развој, компанијата денес зазема значајна позиција во секторот на црна металургија и поседува ISO 9001:2015 сертификат за квалитет.